Вести Свет

На инаугурацијата на Путин нема да присуствуваат ЕУ, САД и Велика Британија

Денеска ќе се одржи инаугурацијата на рускиот претседател Владимир Путин, со што и официјално ќе започне неговиот петти мандат во траење од шест години.  На церемонијата која ќе се оддржи денес нема да присутвуваат амбасадорите на Европската унија и САД.

Додека портпаролот на ЕУ, Петер Стано, изјави дека ,,Нашиот амбасадор нема да присуствува, а нема да присуствуваат ни повеќето земји-членки.”

Британските медиуми вчера објавија дека францускиот амбасадор во Русија ќе присуствува на инаугурацијата, за разлика од Германија, која нема да испрати свој претставник.

Неименуван извор, изјавил дека Париз претходно го осудил „Контекстот на притисок во кој се одржаа изборите, лишувајќи ги гласачите од вистински избор“, како и организирањето избори на украинските територии „окупирани“ од Русија, за кои Франција смета дека е кршење на меѓународното право и повелбата на Обединетите нации.

Делегација на Велика Британија, исто така, нема да присуствува на денешната церемонија, соопшти Форин Офисот, додека Министерството за надворешни работи на Украина, ги повика сојузниците на Киев да не го признаваат Путин како легитимен претседател на Русија.

Со ист став се придружија и Балтичките земји, кои веќе немаат дипломатски претставници во Москва, па така категорично ја отфрлија можноста да присуствуваат на инаугурацијата на Путин.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе