Вести Свет

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Хамас вечерва прифати предлог договор за примирје во војната со Израел. Се однесува на три фази, со цел за траен прекин на огнот, пренесува агенцијата АФП, повикувајќи се на изјава на Халил ал Хаје, висок претставник на палестинската милитантна група.

Секоја од трите фази би траела по 42 дена и вклучува целос но повлекување на Израел од Газа, враќање на раселените лица и размена на заложници кои ги држи Хамас за палестински затвореници во израелските затвори, во насока на траен прекин на огнот, изјави Хаје за Ал Џазира.

Во меѓувреме, како што се прошири веста за примирје, голем број на Палестинци почнаа со славење во делови на Газа, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Веста дојде по само неколку часа по израелскиот повик до населението во источниот дел на градот Рафа „под итно да се евакуира“.

Во Рафа се наоѓаат 1,2 милиони палестински бегалци од другите делови на Појасот, а Израел упорно порачуваше дека подготвува напад на градот и покрај противењето на САД, како негов најважен сојузник.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе