Вести Македонија

Си Џипинг денеска пристигнува во Белград

Денеска во Србија ќе биде пречекан претседателот на Кина Си Џипинг по децениска пауза. Претседател Александар Вучиќ пред неговата посета во Белград, изјави дека Кина е најдобриот партнер на Србија во остварувањето на државните цели.

Вучиќ за кинеските извори, изјави дека Србија е во исчекување на посетата на кинескиот претседател и верува дека средбата ќе биде во интерес на двете држави.

,,Има една важна работа, а тоа е договорот за слободна трговија што го потпишавме во Пекинг. Тоа е многу важен договор за нас. Затоа што сега постигнавме вкупна трговска размена од 6,1 милијарди долари меѓу двете земји. Верувам дека тоа ќе го удвоиме или ќе биде за три пати повеќе во следните 10 години или дури и повеќе од тоа” изјави српскиот претседател.

Кога станува збор за односот кон Тајван, Вучиќ истакна дека Србија силно го поддржува принципот на Кина која е на страната на меѓународното јавно право.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Во одредени професии недостигаат кадри

Дејан Дејан

Голем дел од пролетната зелка остана во нивите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе