Вести Свет Топ вести

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје

Хамас синоќа прифати предлог договор за примирје во војната со Израел. Се однесува на три фази, со цел да се постигне траен прекин на огнот, пренесуваат дел од медиумските агенции, повикувајќи се на изјава на Халил ал Хаје, висок претставник на палестинската милитантна група.

Секоја од трите фази би траела по 42 дена и вклучува целосно повлекување на Израел од Газа, враќање на раселените лица и размена на заложници кои ги држи Хамас за палестински затвореници во израелските затвори.

Меѓувреме, како што се прошири веста за примирје, голем број на Палестинци почнаа со славење во делови на Газа, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Веста дојде по само неколку часа по израелскиот повик до населението во источниот дел на градот Рафа „под итно да се евакуира“.

Во Рафа се наоѓаат 1,2 милиони палестински бегалци од другите делови на Појасот, а Израел упорно порачуваше дека подготвува напад на градот и покрај противењето на САД, како негов најважен сојузник.

Сепак израелски тенкови и сили влегоа во градот Рафа, на југот од Газа, а информацијата ја пренесоа палестински и египетски претставници.

Египетски функционер изјави дека се чини дека станува збор за операција од ограничен обем и дека израелските власти го информирале Египет дека војниците ќе се повлечат по завршувањето на операцијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе