Вести Македонија Најважни

Почна предизборниот молк- денеска гласаат затворениците, болните и изнемоштени лица и дијаспората

Од ноќеска на полноќ почна предизборниот молк за претседателските и парламентарните избори што ќе се одржат во текот на утрешниот ден.

Молкот ќе трае до затворање на избирачките места односно до утре во 19 часот. На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, додека на парламентарните избори 1.815.350 избирачи.

Разликата во гласовите е 1033, генерално поради граѓани кои стекнуваат полнолетство. Се гласа на 3480 избирачки места, а избирачите во текот на денот ќе можат само еднаш да го посетат избирачкото место и да гласаат.

Идентификацијата на гласачите ќе се врши со фингерпринт апарати.

Денеска гласаат затворениците, болните и изнемоштени лица и дијаспората

А денеска во текот на денот ќе гласаат избирачите запишани во посебниот извод од избирачкиот список, односно дијаспората, затворениците, лицата во старските домови, болните и изнемоштени и внатрешно раселените лица, односно ден пред изборите, први гласаат болните и изнемоштените, затворениците, лицата во старските домови и, пријавените од дијаспората, но само за претседателските избори.

Иако кампањата и подготовките за изборите се совпаднаа со велигденските празници, од ДИК велат дека се подготвени за двојните избори и дека навреме ги доставиле материјалите до општинските изборни комисии.

За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување, на учесниците во изборната кампања, потсетуваат од АВМУ.

До ДИК пристигнале 39 приговори за лично избирачко право

До адресата на ДИК стигнале 39 приговори за лично избирачко право во врска со гласањето на претстојните претседателски и парламентарни избори.

Од нив 7 се отфрлени, бидејќи лицата кои се пожалиле веќе ги имало на избирачкиот список, а 25 прифатени и овие лица сега ќе може да го остварат своето право на глас, додека преостанатите 7 приговори се одбиени од причина што најголем дел од нив немале важечка лична карта.

На седница на ДИК беа одобрени и дополнителните барања за акредитација за домашни и странски набљудувачи на изборите. Се работи за околу 230 дополнителни набљудувачи и експерти.

Изборите на 8 мај ќе ги следат безмалку 2 000 домашни и странски набљудувачи и новинари

Безмалку 2.000 набљудувачи, домашни и странски новинари и преведувачи ќе ги следат двојните избори на 8 мај во земјава.

За следење на вториот круг од претседателските и изборите за пратеници се акредитирале вкупно 1.999 набљудувачи од кои најбројни, или 1.078, се домашни.

Изборите ќе ги следат и 770 странски набљудувачи, 66 странски новинари, а ангажирани се и 85 преведувачи.

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР има акредитирано 410 набљудувачи и 14 експерти, а од домашните, најбројни, или 752 набљудувачи, се ангажирани од Здружението за развој на општествено-социјални иновации „Вејк ап“.

Изборите ќе ги следат и 138 набљудувачи од Парламентарното собрание на ОБСЕ, ад хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа со 33 набљудувачи, како и 68 набљудувачи од Амбасадата на САД во Скопје.

Акредитирани за следење на двојните избори се и 66 новинари и медиумски работници од најголемите балкански и регионални медиуми, но и од Ројтерс, Асошиејтед прес, Ал Џезира, Франс прес.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Таравари: Сѐ уште е рано за да се каже кој колку министерства ќе води во идната Влада

Дејан Дејан

Доцни сеидбата на ориз во Чешиново Облешево

Дејан Дејан

Коѕијас ја критикува грчката влада за неспроведување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе