Вести Свет Топ вести

Принцезата од Велс, 42-годишната Кејт Мидлтон, на јавноста и откри дека и е дијагностициран рак

Принцезата од Велс 42-годишната Кејт Мидлтон на јавноста и откри дека и е дијагностициран рак и дека е на „превентивна“ хемотерапија.

Во видео пораката рече дека таа и Вилијам прават сѐ што можат приватно да ја решат ситуацијата поради семејството, посебно да најдат начин тоа да им го објаснат на трите деца.

  • Овие неколку месеци беа многу тешки за целото семејство, но имав фантастичен лекарски тим кој се грижеше одлично за мене и благодарна сум им за тоа. Во јануари имав голема операција на стомакот во Лондон и во тој период немав никаква канцерогена состојба. Операцијата беше успешна, но тестовите покажаа дека е присутен канцер. Мојот медицински тим ме советуваше да одам на превентивна хемотерапија и сега сум во почетните етапи на тој третман. Ова, се разбира, беше огромен шок и Вилијам и јас правиме сѐ што можеме да се справиме со тоа и да ја задржиме приватноста за доброто на нашето младо семејство, изјави Кејт Мидлтон.

Палатата Кенсингтон соопшти дека нема да споделува детали за тоа каков вид на рак има принцезата или во која фаза на рак е и ги замоли луѓето да не шпекулираат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе