Вести Македонија Топ вести

Дијаспората доби нови девет часа да се пријави за гласање

Иселениците добија нови девет часа за да се пријават за гласање на изборите. Државната изборна комисија го продолжи рокот откако од Обединетата македонска дијаспора  вчера се пожалија дека линкот за пријавување не функционира и покажува дека пријавувањето е завршено на 11-ти март. Обвинија за кршење на уставот и изборниот Законик од страна на ДИК и побараа проблемот да биде отстранет, како и да се продолжи рокот за регистрација. Линкот од утрово функционира.

„Пријавувањето на дијаспората требаше да заврши вечерва на полноќ. Заклучно со петокот, за гласање во странство се пријавиле само 1547 лица. Доколку до утре наутро таа бројка не се промени драстично, дијаспората нема да гласа на овие парламентарни избори. За да се организира гласање, треба да има пријавено најмалку 5355 лица, колку што гласови добил пратеникот со најмалку гласови на последните избори“, соопштија од ДИК.

Ноќеска на полноќ истекува и рокот за проверка на избирачкиот список. До сега, преку електронски пат се провериле 22.122 граѓани. Поднесени се 25 барања за промена на податоци, 6 барања за бришење на податоци и 10 барања за запишување на податоци во Избирачкиот список.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе