Вести Македонија Топ вести

Пендаровски очекува гласови и од Албанците во вториот круг

Од понеделник и актуелниот претседател на државата почнува со собирање на граѓански потписи за повторна кандидатура. Сепак, очекува во недела да добие поддршка на конгресот на СДСМ, но и од нивните коалициони партнери. На прашањето дали очекува Максим Димитриевски да земе дел од неговите претходни гласачи, одговори дека не би можел да го предвиди тоа, особено затоа што, од 1999 година наваму, за првпат ќе имаме голема бројка на кандидати, најверојатно седум, со што е можно преклопување на партиските електорати. Очекува гласови во вториот круг и од етничките Албанци, и покрај тоа што од ДУИ му се налутија поради непотпишувањето на нивниот закон за игри на среќа.

Не сакаше да каже кој му е најпосакуван противкандидат за вториот круг, велејќи дека ги почитува сите и е во коректни односи.

Во однос на предлогот на ДУИ за избор на шефот на државата во Собрание, смета дека е подобро да остане сегашниот принцип, кој обезбедува независност во однос на политичките субјекти и на економските центри на моќ. Изборот во Собрание, вели, би бил погубен во ситуација кога претседателот на државата нема исти ставови со владејачката партија. Потсети на 2019 година, кога за аферата „Рекет“ беше во директна колизија со ставовите на тогашната владеачката партија и е убеден дека, ако бил избран во Собрание, ќе беше сменет истото попладне.

Досега сигурни противкандидати му се Гордана Сиљановска, Максим Димитриевски, Арбен Таравари и Бујар Османи. На чекор до кандидатура се и Билјана Ванковска, која до синоќа имаше 9.722 потписи, како и Стевчо Јакимовски со 9.265. Останатите кандидати се далеку од потребната бројка.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе