Вести Македонија Топ вести

Обвинителството поднесе обвинение против Рамиз Мерко за набавка на луксузното Ауди А6

По повеќе од година дена од стапување на функцијата, шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Aбази ги отвори вратите за јавноста. Повод беа новите простории на обвинителството, но се реферираше и за досегашната работа и случаите кои се во интерес на јавноста.

Епилог добила истрагата против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Против него е поднесено обвинение по иницијативата на Антикорупциската комисија за набавката на луксузниот автомобил „Ауди А6“ во Општина Струга. Тој се гони за Злоупотреба на службена положба и овластување по член 353, став 4, од Кривичниот законик. Казната затвор за ова дело е од една до пет години.

Според Антикорупционерите, Мерко ја злоупотребил својата положба при набавка на четири автомобили во вкупна вредност на набавката од 114.000 евра, меѓу кои и луксузниот автомобил марка „Ауди А6“ од 66.700 евра кое го користи градоначалникот и тоа во време кога Општина Струга е со неподмирен долг од околу четири милиони евра.

Мерко тврдеше дека „Ауди А6“ од 70.000 евра не е луксузен автомобил, зашто и обични граѓани возат автомобили од 100.000 евра. Морало да се купат нови возила за општината, зашто старите биле дотраени.

Обвинението е поднесено до Кривичниот суд Скопје, кој треба да се прогласи за ненадлежен, по што предметот ќе го преземе судот во Струга.

За случајот познат во јавноста под името „Виа Комерц“ против поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, обвинителството утврдиле дека нема простор за негово кривично гонење за злоупотреба на службена положба и овластување. Станицата за технички преглед „Виа Комерц“  имала решение за исправност на автобусот на „Беса Транс“ кога се случи несреќата на автопатот во Бугарија кога загинаа 46 македонски државјани од кои 12 деца.

Според обвинителството, за утврдување на вина е потребно постоење на причинско последична врска, односно да е направена штета за државата. Се утврдило дека автобусот немал технички проблеми за време на несреќата.

Екс шефицата на обвинителството, Вилма Русковска претходно изјави дека комисијата во МВР уште во јули донела решение станицата за технички преглед „Виа Комерц“ да биде затворена, но Спасовски не го потпишал тоа решение.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе