Вести Македонија Топ вести

Вчера 19, денеска 40 потписи – Господин Поповски ја дуплираше поддршката за кандидатурата

Господин Поповски за еден ден ја удвои поддршката за кандидатурата за претседател. Од 19 потписи до завчера, од синоќа има 40. На табелата на ДИК слабо котираат и кандидатката од партијата Десна, Зорица Цветковска која има 140 потписи, како и Ѓорѓи Манасков со 267 и Вело Марковски со 924 потписи. Неизвесна е трката и за Мерсиха Смаиловиќ од бошњачката заедница, која стигна до 887 потписи.

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, го засилил собирањето на потписи пред нотар, па денеска има 6.676 потписи. Кандидатката на Левица, Биљана Ванковска, која синоќа имаше 7.876 потписи, повторно реагира за непристапноста на подрачните канцеларии на ДИК, каде се собираат потписи.

Наместо да се заблагодарат на поддршката и да повикаат да не се создаваат непотребни гужви, кандидатите кои го собраат потребниот број, сè уште собираат потписи. Тука предничи Бујар Османи, кој до синоќа собрал над 11.000 потписи. Потребната бројка ја имаат и Максим Димитриевски од ЗНАМ и Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“.

Официјално, Силјановска Давкова и Пендаровски сè уште не се влезени во трката, но се очекува по одлуките на партиските тела викендов и тие да почнат со собирање на граѓански потписи, иако веќе имаат пратенички потписи.

Крајниот рок за добивањето на поддршка за влез во претседателската трка истекува на 8 март на полноќ.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе