Вести Македонија Топ вести

„Не“ за избор на претседател на државата во Собрание – Димитриевски е против предлогот на албанските партии

Претседателот на државата да се бира во Собрание, што е предлог на партиите на Албанците, е апсолутно неприфатлив за Максим Димитриевски кој од вчера е со неопходниот минимум од 10.000 потписи за учество на претседателските избори.

„Институцијата Претседетел на државата всушност ја црпи својата сила од непосредниот избор на граѓаните. Според мене, ова е само еден обид од многуте до сега во предизборните еуфории, коишто ги креираат моноетничките политички субјекти и за мене како кандидат, а и за политичката партија е апсолутно неприфатлив“, рече лидерот на партијата „За наша Македонија“ (ЗНАМ) и градоначалник на Куманово на денешната пресконференција.

Заблагодарувајќи се за добиените 10.000 потписи, Димитриевски денеска потенцираше дека довербата што ја добил од граѓаните не е момент за еуфорија, туку за одговорност и за обврска. Тој испрати повик за фер натпревар на идеи и ставови во текот на изборната кампања.

„Десетте илјади потписи потребни за официјализирање на мојата кандидатура за учество на претстојните избори за претседател на државата се собрани. Се покажа дека граѓаните ја препознаваат различноста на ЗНАМ и на мене како кандидат за претседател, од оние што досега беа и се на политичката сцена“, рече Димитриевски на прес-конференцијата.

Димитриевски додаде дека на барање на граѓаните, списоците ќе останат во општинските канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК) за потпишувањето да продолжи и во
наредните денови.

„Им благодарам на сите граѓани кои покажаа одважност, храброст, разбуденост и политички активизам и излегоа на пунктовите на ДИК ширум цела Македонија и го дадоа својот потпис за мојата кандидатура за Претседател на Македонија. За мене поддршката од граѓаните претставува уште еден доказ дека сме на вистинскиот пат“, рече Димитриевски.

Првиот човек на ЗНАМ рече дека претседателот на државата треба да биде татко на нацијата, чувар на уставниот поредок, еднакво да се грижи за сите граѓани, без разлика на нивната партиска, етничка и верска припадност.

„Претседателот треба да биде заштитник на основните придобивки на кои се темели македонската држава, а тоа се Илинден и АСНОМ. Сигурни сме дека ќе успееме, затоа што граѓаните се со нас. Продолжуваме натаму, со уште посилна верба, со голем ентузијазам, до конечна победа“, рече претседателот на Движењето ЗНАМ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе