Вести Македонија Топ вести

Навални ќе биде погребан во петок во Москва

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални ќе биде погребан во петок во Москва, соопшти неговата портпаролка, Кира Јармиш.

Според неа, опелото ќе се одржи на Борисовите гробишта по прошталната церемонија во округот Марјино, објави „Би-Би-Си“.

Навални почина во затвор на 16 февруари, каде служеше 30-годишна казна за, како што е наведено во една од пресудите на судот, основање и финансирање на екстремистичка организација и нејзините активности. Беше и остар критичар на политиките на Путин.

Јармиш потврди дека телото на Навални е предадено на неговата мајка на 24 февруари. Таа информира дека медицинскиот извештај на руските власти се наведува дека Навални починал од природна смрт.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе