Вести Свет Топ вести

Живот под отворено небо, без доволно храна и вода – ситуација во Газа станува неподнослива за цивилите

Кан Јунис, град на југот на Појасот Газа, е новото жариште во борбите меѓу Израел и Хамас. Судирите добиваат на интензитет, а двете страни потврдуваат дека се герилски – лице в лице и улица по улица. На цивилите им е наредено да го напуштат центарот на градот и да се упатат кон т.н. „сигурни зони“ кои се далеку од такви за нив, без неопходната инфраструктра за така голем број на луѓе на мал простор. Луѓето ги минуваат деновите под отворено небо, покрај патишта, без доволно храна, вода додека болниците едвај функционираат без ресурси.

Ситуацијата во Газа станува неподнослива за нив, па вина, освен во Израел, посочуваат и во Хамас. Од борците на милитантната група очекуваат да се предадат за лудилото во кое западнаа да заврши, како и долгогодишните деструктивни процеси, за, конечно, регионот да влезе во мирен период.

Израелската влада е под се поголем притисок од семејствата на заложниците кои останаа во рацете на Хамас, по прекинот на седумдневното примирје. Израелската војска потврди дека неколку милитанти на Хамас се предале во изминатите неколку дена. Според премиерот Нетанјаху, тоа претставува „почеток на крајот на Хамас“, дополнително  го покажува неуспехот на Хамас и неговата борба против Израел. Уапсените се задржани на распит од страна на израелските разузнавачки служби.

Во меѓувреме, Катар продолжува со дипломатската офанзива за ослободување на уште изралески заложници, но премиерот на земјата, шеикот Тамим бин Хамад ал Тани вели дека „за жал не постои иста подготвеност како во изминатите недели“. Хамас преку соопштение предупреди дека ниту еден од останатите 138 израелски заложници нема да излезе жив од Газа, сè додека не им се исполнат барањата и продолжат преговорите.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски во посета на штабот на Вреди – со Таравари разговарале за агенда и принципи за можно коалицирање

Дејан Дејан

Бегалците од кондовската група упасени во Урошевац имаат и косовски пасоши?

Дејан Дејан

Ахмети: Дадовме заклетва дека оваа земја има свое место во ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе