Вести Свет Топ вести

Дел од заложниците се во рацете на помалите исламистички групи – вратените деца од Хамас сведочат за ужасите

Израелските власти веќе го добиле списокот со заложници кои денеска ќе бидат ослободени. Тече и петтиот ден од примирјето со Хамас, кој наводно побарал да биде продолжено за 4 дена, но Израел инсистира процедурата да тече на дневно ниво, во обид да ги најде и другите заложници кои не се во рацете на Хамас, туку кај помалите исламистички групи. Кај Палестински Исламски Џихад, израелската војска, лоцирала 20 заложници, од кои половина денеска ќе бидат ослободени.

Најмногу од заложниците кои се пуштаат се постари жени, и децата со нивните мајки. Процедурата е иста. Хамас ги носи до Црвениот Крст, кои потоа ги пренесуваат до израелската војска, која со хеликоптер ги распоредува по болниците каде им се вршат прегледи, и од таму во рацете на семејствата. Навидум во добра состојба со поздрав кон хамасовите војници, децата се испраќаат..но, реалноста е сосема поинаква раскажува тетката на вчера ослободениот 12-годишен Елтан Кохен, кој има и француско државјанство.

  • Елтан доживеал хорор таму. Хамас го присилувале да гледа хорор филм кој никој не сака да го гледа, но бил присилен. Збруваме за филм кој го прикажува злосторот од 7-ми октомври? Да, да, целиот филм, и секое дете кога ќе почнело да плаче, им вперувале пушка за да молчи. И кога ги донеле во Газа, сите цивили биле тепани. Тој е 12-годишно дете, зборуваме за дете- Дебора Кохен, тетка на ослободениот Елтан.

Израелската војска прстот го впери и во Црвениот Крст, и меѓународните организации да се ангажираат да дојдат до заложниците и да им дадат лекови.

  • Елма има 84 години. Била влечена во Газа на мотор. Елма беше во заробеништво 51 ден и ноќ. Чувана е во сурови услови, и биле одбиени лекови за живот. И не била посетена од Црвениот Крст- Даниел Хагари, портпарол на израелска војска.

За секој ослободен израелски заложник, Израел пушта по тројца палестински затвореници. Етаф Џарадат излезе од затворот вчера на нејзниот 51-ви роденден.

  • Не ми се верува дека ја доживеав слободата, се чувствувам како сè уште да сонувам. Тоа што се случи, по милоста Божја, не е ништо помалку од чудо– Етаф Џарадат, ослободена Палестинка.

Примирјето колку и да трае дава надеж за цивилното население. Секој слободен ден влегуваат по 200 камиони со хуманитарна помош. Лековите почнаа да пристигнуваат во болниците во газа, каде еден докторите велат дека не излегуваат од хируршките сали. Брзаат да спасат колку можат животи во кусото примирје, и секој доктор прави до 15 операции на ден.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе