Вести Свет Топ вести

Цистерни со гориво влегоа во Газа преку граничниот премин Рафа

Најмалку седум цистерни со гориво денеска влегоа во Појасот Газа преку граничниот премин Рафа кон Египет, по примирјето меѓу Израел и Хамас што стапи во сила во седум часот утринава. Горивото е наменето за работа на „основната хуманитарна инфраструктура во Газа“.

Од почетокот на војната, Израел генерално не дозволуваше испорака на гориво, тврдејќи дека екстремистистите на Хамас ќе го користи за воени цели. Испораката ја одобри Владата на Израел како дел од договорот кој предвидува ослободување на некои од заложниците кои се држат во Газа во замена за палестински затвореници.

Според договорот, постигнат со посредство на Катар, 13 израелски заложници треба да бидат ослободени во текот на денот, а 50 ќе бидат ослободени следните четири дена. А Израел ќе ослободи 150 палестински затвореници.

Израелските одбранбени сили утринава фрлаа летоци на арапски јазик во кои ги предупредуваа цивилите во Газа да не одат дома, но Палестинците пешки и со колички и магариња тргнаа север, сепак северниот дел е сè уште воена зона но, жителите ја користата оваа пауза во борбите за да се вратат назад.

  • Се враќаме во нашите домови за да ги видиме и провериме нашите услови таму и како се нашите домови. Сакаме да замеме облека и се што ни треба. Нема гас за готвење, храна или пијалоци. Ситуацијата е многу трагична- Софијан Абу Амер, раселена од градот Газа.
  • Делови од Појасот Газа се уште се поделени. Сакам да го видам мојот дом. Многу луѓе дојдоа без облека, без пари и без многу основни работи, па сакаме да одиме да ги земеме, и така ситуацијата е многу тешка- Мохамад, раселен од Газа.

Неколку моменти пред стапување во сила на примирјето беше забележано пукањето и воздушни напади. Шефот на британската дипломатија Дејвид Камерон на состанок со палестинските лидери ги разгледува опциите за дополнителна помош на Газа.

Во нападите на Хамас на 7 октомври загинаа 1.200 луѓе, а околу 240 беа земени како заложници.

Оттогаш, Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, вели дека повеќе од 14.000 луѓе биле убиени во нападите на Израел.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе