Вести Свет Топ вести

Американски воени единици во Ирак и Сирија нападнати со дронови четири пати во рок од неколку часа

Американските воени единици во Ирак и Сирија биле нападнати со проектили и беспилотни летала четири пати во рок од неколку часа, изјави претставник на Пентагон, додавајќи дека нема жртви или материјална штета.

Американскиот воен претставник рече дека две локации на американските сили и нивните меѓународни сојузници во североисточна Сирија вчера биле нападнати со повеќе проектили и беспилотно летало. Кон воздухопловната база Аин ал Асад, која се наоѓа западно од главниот град на Ирак, Багдад, исто така полетале дронови. Беспилотно летало нападнало и американска база во близина на аеродромот во градот Ебрил во северен Ирак.

Одговорноста за нападите ја презеде групата „Исламски отпор во Ирак“. Според аналитичарите, станува збор за спојување на неколку ирачки милиции поврзани со Иран.

Нападите се случија само еден ден откако САД извршија напади врз борците на групата Катаиб Хезболах со седиште јужно од Багдад. Акциите на американската војска ги осуди ирачката влада, која рече дека „водат до ескалација и го нарушуваат суверенитетот на земјата“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе