Вести Свет Топ вести

Четири дена воена пауза за размена на заложниците и во Газа да влезе хуманитарната помош

Прекинот на огнот меѓу двете завојувани страни почнува во петок во 7 часот наутро. Ќе трае 4 дена, период во кој најпрво ќе се направи размена на израелските заложници и палестинските затвореници, но во уништената Газа ќе влегуваат по 200 камиони хуманитарна помош за цивилите, а ќе дојде и неопходното гориво. Кусото примирје е договорено со посредство на Катар, од каде соопштија дека листата на израелските заложници кои ќе бидат ослободени е доставена до Мосад.

  • Врз основа на тоа, хуманитарното примирје ќе почне во 7 часот во петок, на 24 ноември. И со божја помош, првата група заробени цивили ќе биде ослободена околу 16 часот истиот ден. Станува збор за 13 жени и деца, и ако се заробеници од исто семејство, ќе бидат ослободени заедно со нив во првата група. Тоа вклучува околу 50 луѓе во текот на 4 дена, соопштија од катарското МНР. 

Но, за секој ослободен заложник, Израел ќе мора да предаде тројца Палестинци, односно вкупно 150. А според официјалниот договор, за 100 израелски заложници би се ослободиле 300 палестински затвореници. За Нетанјаху, договорот е добра одлука, но ослободувањето на заложниците е само етичко прашање – далеку е крајот на војната се додека не се уништи Хамас, порачува израелскиот премиер.

  • Но, ние ќе продолжиме со нашите воени цели, имено да го искорениме Хамас, бидејќи Хамас веќе вети дека тоа ќе го прават повторно и повторно и повторно. Тие се геноциден терористички култ. Нема надеж за мир меѓу Израел и Палестинците, меѓу Израел и арапските држави, ако не го искорениме ова убиствено движење кое ја загрозува иднината на сите нас. Мислам дека тоа е поголема битка на цивилизацијата против варварството, соопшти Нетанјаху. 

 Во меѓувреме, израелската војска го уапси директорот на болницата Ал Шифа, кој според обвинението со негово одобрување, под болницата се наоѓале главните тунели од каде милитантите ги воделе целите операции, а ја користеле и струјата која била потребна за пациентите. Нетанјаху инсистира дека војаната што ја водат против Хамас е во рамките на меѓународното право, како и тоа дека прават се што можат цивилите да не страдаат. За првпат прстот го впери и во ОН кои според него не прават многу за да го спасат населението.

  • Сè уште не сум ги видел напорите што би сакал да ги видам од ОН и меѓународните агенции за изградба на нивните засолништа. Доаѓа зима и нема причина да не се градат десетици илјади шатори во безбедната зона, веднаш до безбедната зона. Бидејќи тие не влегуваат во безбедната зона, ООН..што мислам дека е шокантно, вели израелскот премиер. 

 Во седумнеделната војна загинаа над 13 илјади цивили, според ОН. Од 35 болници во Газа уништени се 27. Раселени се повеќе од еденипол милиони луѓе, но голем дел од нив нема каде да се вратат, бидејќи 45% од вкупните станбени единици во Газа се срамнети со земја и не можат да се обноват.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе