Вести Свет Топ вести

Франција ќе ја суспендира визната либерализација за Косово – Макрон со порака до властите во Приштина

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека, што се однесува до неговата земја, визната либерализација за Косово е суспендирана. На заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама, тој порача оти од властите во Белград и во Приштина очекува да организираат нови избори во четирите општини на северот на Косово и да формираат Заедница на општини со мнозинско српско население.

„Ова го велам јасно – им верувавме по прашањето за виз, Франција го суспендира тоа прашање, бидејќи станива збор за почитување на даден збор, а зборот не се одржува. Од двете страни очекувам да се обврзат дека ќе напредуваат во наредните недели. Тоа е услов за мир во целиот регион“, рече Макрон.

Европската Унија претходно оваа година одлука визната либерализација за Косово да стапи на сила на 1 јануари во 2024 година.

„Франција и Германија дадоа предлог, кој е водечки, и за кој мислам дека е силен и добар и очекувам да биде прифатен од двете страни. Мислам дека е одговорност и на српскиот претседател Александар Вучиќ да го осуди чинот од 24 септември, бидејќи придонесува за враќање на затишјето на границата“, истакна францускиот претседател.

„Она што го очекуваме од властите на Србија и на Косово е едноставно – повторна организација на избори во општините во кои се одржани во несоодветни услови, учество на Србите во нив и во институциите и признавање на Заедницата на српски општини од властите во Косово“, рече Макрон.

Премиерот на Албанија, Еди Рама ги повика косовските власти да го потпишат француско-германскиот предлог.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе