Вести Свет Топ вести

Илјадници жители на Газа раселени поради бомбардирањето на Израел

Хуманитарната канцеларија на ОН соопшти дека 263.000 луѓе се раселени во Газа, од почетокот на бомбардирањето на Израел врз областа.

Од таму информираат дека повеќе од 1.000 станбени единици се уништени, а околу 560 се сериозно оштетени и непогодни за живеење.

Портпаролот на хуманитарната канцеларија на ОН, Стефан Дужариќ забележува и дека болниците се соочуваат со недостаток на медицински материјали.

Војната според нивните проценки до сега однесе повеќе од 2.200 животи од двете страни, а очекувањата се дека допрва се очекува ескалација на состојбата.

Претставникот на ОН за Блискиот Исток е во Каиро и работи со другите клучни регионални и меѓународни партнери и египетската влада на ставање крај на конфликтот Хамас-Израел, спречување на неговото проширување и отворање хуманитарен коридор за испорака на гориво, храна и вода.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе