Вести Свет Топ вести

УНХЦР: Околу 186.000 мигранти и бегалци годинава пристигнале на југот на Европа

Околу 186.000 мигранти и бегалци годинава пристигнаа на југот од Европа, соопшти Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).

Американските медиуми пренесуваат дека најголем број од нив влегле во Италија, повеќе од 130.000, што е зголемување за 83 отсто во споредба со минатата година. Остатанатите заминале за Грција, Шпанија, Кипар и Малта.

Истовремено, од јануари до 24 септември годинава загинале или исчезнале речиси 2.800 лица кои се обиделе да го преминат Медитеранот, што е значително зголемување во споредба со 1.680 лица кои загинале или исчезнале во истиот период во 2022 година.

Најголемиот број бегалци и мигранти кои се обиделе да го преминат Медитеранот кон Европа се од Тунис – повеќе од 102.000, се наведува во извештајот на Високиот комесаријат.

Околу 30.000 лица биле спасени на море или приведени и затворени во Тунис, додека речиси 11.000 беа затворени во Либија.

Од УНХЦР наведуваат дека мигрантите и бегалците кои се обидуваат да стигнат до југот на Европа се соочуваат со „страшни услови“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Си Џипинг денеска пристигнува во Белград

Дејан Дејан

На инагурацијата на Путин нема да присуствуваат ЕУ, САД и Велика Британија

Дејан Дејан

Пленковиќ тврди дека има повеќе од 76 пратеници за состав на влада

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе