Вести Свет Топ вести

Ким му вети на Путин „безусловна поддршка“ за руските воени акции во Украина

Разговорите меѓу рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун започнаа денеска на космодромот Восточни, јави руската државна новинска агенција Тас.

Ким вети „безусловна поддршка“ за руските воени акции во Украина.

„Ја користам оваа прилика да потврдам дека секогаш ќе стоиме со Русија на антиимперијалистичкиот фронт“, му рекол севернокорејскиот лидер на Путин.

  • „Русија води света борба за одбрана на својот суверенитет, безбедносни интереси и правда против хегемонистите и ние секогаш изразувавме целосна и безусловна поддршка за акциите преземени од руската влада. И ја користам оваа прилика да потврдам дека секогаш ќе стоиме

со Русија на антиимперијалистичкиот фронт“, истакна севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун.

Разговорите, во кои беа вклучени и нивните делегации, започнаа набргу откако Путин и Ким посетија неколку објекти на космодромот, вклучително и две лансирни рампи.

Лидерите се состанаа во оддалечениот сибирски погон за лансирање ракети на самит кој покажува дека интересите на двајцата лидери се усогласуваат наспроти нивните одвоени, интензивни конфронтации со Соединетите држави.

Двајцата лидери ја започнаа својата средба со обиколка на постројката за лансирање на вселенска ракета „Сојуз-2“.

Средбата на Ким со Путин се случи неколку часа откако Северна Кореја истрела две балистички проектили кон морето, продолжувајќи го тестирањето на севернокорејското оружје од почетокот на 2022 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе