Вести Македонија Топ вести

Лидерска средба само ако има нешто ново околу уставните измени

Владата упорно инсистира на разговори на сите нивоа за да обезбеди уставни измени.Но, највисокото, лидерско ниво, ќе почека. Таква средба би се случила само доколку има нешто ново околу процесот.

Ковачевски повторно ја критикуваше опозицијата дека досега не поддржале ниту една стратешка одлука на државата велејќи дека, токму сега е моментот да се смени оваа пракса.

Потсети дека и од Европската комисија го поздравуваат процесот за уставни измени. Додаде и дека, изјавата на францускиот претседател дека, ЕУ тешко функционира и со 27 земји членки, а со 32 или 35 нема да биде полесно, е погрешно протолкувана.

Вели дека, со идејата за „Европа во повеќе брзини„, Макрон всушност сакал да каже дека тие што се побрзи со реформите, побрзо ќе влезат во унијата.Толкува дека, позитивниот сигнал од Европа е тука, дека тој работи на тоа, Македонија да биде првата држава што до 2030 –та година ќе влезе во унијата, но опозицијата влече кон изолација. Тие, пак, и денеска му порачаа да престане да ја замајува јавноста.

Од оваа партија го повторија ставот дека, владата е криминална и корумпирана и се потребни избори.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе