Вести Свет Топ вести

Брисел го отфрли барањето на Ердоган – членството во НАТО и во ЕУ се два различни процеси

Европската комисија го одби ненадејното барање на турскиот претседател Eрдоган, во пресрет на дводневниот НАТО самит во Вилнус. Ердоган направи директна поврзаност меѓу обидот Шведска да стане членка на НАТО, процес кој Турција го блокира, и долгогодишната кандидатура на Турција да сте членка на ЕУ. Тој го услови членството на Шведска во Алијансата ако се отвори и патот за Турција кон европското семејство. Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг изјави дека ја поддржува Турција да стане дел од ЕУ, но не навлезе во детали, на првата прес конференција во Вилнус денеска.

Но, од Брисел брзо ја отфрлија идејата, укажувајќи дека двата процеси се одвоени, бидејќи станува збор за две различни институции, иако процесите може да се одвиваат паралелно. И од Берлин, герамснкиот канцелар го потврди ставот на официјален Брисел.

 

  • Двата процеса кои се случуваат паралелно, за проширување на НАТО и влезот на нови членки во НАТО, е една патека, и одвоениот процес за проширување на ЕУ, и пристапот во ЕУ, се два одвоени процеси, и од една страна имате две земји кандидатки, кои бараат членство во НАТО, едната го заврши, а другата – Шведска се уште чека финализација на ратификацијата за нејзиниот пристап да се активира. Од друга страна ЕУ има многу структуриран процес на проширување, со многу, многу јасен збир на чекори што треба да ги преземат сите земји кандидати, па дури и оние што сакаат да станат земји кандидати и не можете да ги поврзете двата процеса, изјави заменик шеф портпаролот на Европската Комисија, Дана Спинант.

 

  • Другото прашање е она што не е поврзано со тоа, и затоа мислам дека не треба да се гледа како поврзан процес. Знаете дека на последниот Совет, ЕУ одлучи дека ќе побара од Комисијата да ни поднесе извештај за состојбата на односите и како можеме повторно да ја подобриме и унапредиме соработката меѓу ЕУ и Турција, изјави од Берлин, германскиот канцелар Олаф Шолц. 

 

 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе