Вести Македонија Топ вести

Дел од „Огнените“ против формирање новa политичка партија

Блерим Беџети, претседателот на општина Сарај и еден од членовите на „Огнената група“ во ДУИ, вели дека заедно со Муса Џафери и Невзат Бејта не ја поддржуваат идејата да се формира нов политички субјект и да се одвојат од ДУИ.

Беџети  вели дека се против ваквата одлука, бидејќи на тој начин ќе се фрагментаризира, ќе се расцепка албанското бирачко тело. “Јас, Муса Џафери и Невзат Бејта сме против формирањето нов политички субјект. Нема потреба да се формира нова политичка партија.“ – нагласува Блерим Беџети.

Тој во интервју за порталот „Журнал“ потврдува дека постојат разлики меѓу членовите на оваа група додавајќи дека тие тројцата инсистираат за овие прашања да се решава со аргументи преку расправа внатре во Демократската унија за интеграција. „Има разлики меѓу нас. Ние сме фракција во рамки на ДУИ и треба разликите да ги решаваме внатре во ДУИ.“ – истакнува  Блерим Беџети.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски во посета на штабот на Вреди – со Таравари разговарале за агенда и принципи за можно коалицирање

Дејан Дејан

Бегалците од кондовската група уапсени во Урошевац имаат и косовски пасоши?

Дејан Дејан

Ахмети: Дадовме заклетва дека оваа земја има свое место во ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе