Вести Свет Топ вести

Го убедував да се повлече или ќе биде згмечен како инсект, пцуевме 30 минути – Лукашенко за наводниот телефонски разговор со шефот на Вагнер

Белорускиот претседател Лукашенко потврди дека шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин пристигнал во Белорусија, неколку дена откако 36-часовниот воен бунт на платениците претставуваше невиден предизвик за авторитетот на руското раководство. Лукашенко изјави дека смета дека добро би дошло присуството на Вагнеровите војници во белоруската армија.

Точната локација на Пригожин не е позната. Воениот лидер не е виден на ниту едно видео или фотографија откако го напушти воениот штаб во Ростов на Дон во саботата навечер.

Но, сателитските снимки на глобалната компанија за следење „Блек Скај“ покажуваат дека два авиони поврзани со Пригожин слетале во белоруската воздушна база надвор од Минск. На двата авиона им биле исклучени транспондерите пред слетувањето, со цел да не се дознае локацијата. Сепак, никој не го видел Пригожин како излегува од еден од авионите.

Пред медиумите Лукашенко раскажа за разговорот со рускиот претседател Путин, откако дознал дека е донесена одлука – Пригожин да се уништи.

  • Му предложив на Путин да не брза. „Ајде да разговараме со Пригожин, со неговите команданти“, му рекол Лукашенко. 

– Слушај, Алекс, џабе е. Тој нема ни да се јавува на телефон, не сака повеќе да зборува“, раскажува Лукашенко што наводно му рекол Путин.

 

Но, Лукашенко рече дека успеал да стигне до началникот Вагнер и, според неговото сведочење, го предупредил дека ќе биде „згмечен како инсект“ доколку трупите на Вагнер продолжат да напредуваат кон руската престолнина.

„Разговаравме 30 минути пцуејќи. Ексклузивно. Имаше 10 пати повеќе пцовки (подоцна ги анализирав) отколку нормалниот речник“, додаде Лукашенко, опишувајќи ја својата интеракција со Пригожин.

„Се разбира, тој однапред се извини и почна да ми кажува сè користејќи ги тие груби зборови“, додал Лукашенко, пренесува Си-Ен-Ен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Си Џипинг денеска пристигнува во Белград

Дејан Дејан

На инаугурацијата на Путин нема да присуствуваат ЕУ, САД и Велика Британија

Дејан Дејан

Пленковиќ тврди дека има повеќе од 76 пратеници за состав на влада

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе