Вести Свет Топ вести

Петчлениот екипаж во исчезнатата подморница Титан има кислород уште само за еден ден – сонaрите слушнаа подводни звуци

Кратко по полноќ, по локално време, канадскиот авион преку своите сонори ги слушнале првите подводни звуци од подморницата Титан по која веќе трет ден се трага во водите на Атлантскиот Океан. Американската крајбрежна стража потврди дека во интервал на 30 минути слушнале звуци на удирање. Оваа информација дава трошка надеж за спасувачите на петчлениот екипаж во подморницата на кои им се трошат залихите на кислород, кој го има само за еден ден, под услов се уште да функционира.

Во меѓувреме, остануваат прашањата за тоа како тимовите би можеле да стигнат до исчезнатата подморница, која во неделата го започна своето осумдневно туристичко разгледување на трупот од потонатиот океански брод Титаник, кој се наоѓа на длабочина од 3.800-тини метри. Временските услови не го поткреваат оптимизмот.

Имаме една од најлошата пролет во историјата, најлошата пролет од 1943 година, што се разбира, е доволно лошо да се биде на копно. Апсолутно е страшно да се биде на 600 километри од нашите брегови. Зборуваме за бранови од 12 метри и магла. Многу тешки услови за пребарување и спасување, изјави ЕНДРЈУ ФУРЕИ, ПРЕМИЕР НА ЊУФАУНДЛЕНД И ЛАБРАДОР

 

Во малата подморница од 7 метри има место само за пет луѓе, кои можат да издржат осум часа разглед на океанското дно, која потоа треба да се врати на површината. Внатре патниците седат со скрстени нозе, а најдоброто место за седење е тоалетната школка, која кога се користи се пушта гласна музика. Титан ја загуби врската со главниот брод по речиси два часа откако се спушти на дното. Сега се води трка со времето, но шансите да се пронајде се намалуваат.

Искрено, тоа е барање игла во стог сено. Прво, знаете, кога сте над површината, можеме да користиме GPS, можеме да користиме радар, можеме да користиме радио. Нема такво нешто што можеме да го користиме под морето, бидејќи едноставно кажано, електромагнетните фреквенции, електромагнетните бранови не се шират далеку под морето. Така, можете да се потпрете само на акустичните сензори за да се обидете да комуницирате и да бидете свесни за вашата околина, вели ЕРИК ФУСИЛ, АРХИТЕКТ НА ПОДМОРНИЦИ И ПРОФЕСОР НА ЕЛЕКТРО-ТЕХНИЧКИ УНИВЕРЗИТЕТ ВО АДЕЛАИДА

Титан на компанијата Оушен Гејт е единствената приватна подморница која може да се спушти толку длабоко. Новооткриените наводи, сугерираат дека имало значајни предупредувања за безбедноста на пловилото.

  • Но, знаевме дека ова ќе се случи во еден момент. Многу добро знаевме, и ги знаевме сите потешкотии кои ќе се слушат и од кои ќе треба да се опоравиме. Ако подморницата се заглави во бродолом, ако се истрошат батериите, ако на некој друг начин се заглават на дното, и ништо не се реши по тоа прашање, изјави  Давид Галло, океанограф и експерт за Титаник. 

Од компанијата „Оушнгејт“ се вели дека „Титан“ е експериментално пловило, а претходните патници открија дека морале да потпишат документ во кој е наведено дека тоа не е одобрено од ниедно регулаторно тело и патувањето може да резултира со физички повреди, инвалидитет, емоционална траума или смрт.

Алиса Шутиноска 

 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе