Вести Македонија Топ вести

Од октомври до март годинава, повеќе од 950 закани за поставени бомби – вештачењата се уште траат

Измените на протоколите беа клуч во справувањето на хибридните закани и лажните дојави за поставени бомби бидејќи оттгоаш на мејловите на училиштата, градинките и државните институции нема пристигнато ниту една нова закана. Над 950 дојави во 720 објекти беа испратени во последните половина година, соопшти министерот Оливер Спасовски. Идентификуваната група македонски државјани стои зад повеќе закани на почетокот на годинава кои биле испратени преку ВПН сервери од Иран и Русија, а во тек е вештачењето на докази. Министерот Спасовски се воздржа од временска рамка кога ќе биде реализацијата и кривични пријави.

Над 950 закани за поставени бомби во училишта, државни институции, јавни објекти и станбени комплексики се регистрирани во периодото од октомври до март оваа година, а таргет биле над 720 објекти. Заканите се испратени од 60 различни мејл адреси, од кои речиси сите се од странство а најголем проблем во откирвањето се ВПН мрежите и поради тоа се чека на информациите од странските безбедносни служби и експерти. Ова се дел од информациите кои шефот на полицијата Оливер Спасовски ги сподели на денешниот состанок на Работната група – 4. Измената на протоколите е клучот во справувањето со заканите бидејќи оттогаш не е испратена ниту една закана за подметната бомба.

Околу групата која е идентификувана и е составена од македонски државјани кои преку ВПН провајдери од Иран и Рудија ги испраќале заканите Спасовки кажа дека се работи на вештачење на докази и затоа не може прецизно да дефинира кога би била реализацијата односно кривична пријава но потврди дека осомничените стојат зад најголемиот дел од  заканите на почетокот на годинава.

За нападот врз Фондот за здравство нема нови детали освен дека се работи на вештачење на доказите кои досега се прибрани.

Спасовски е дециден дека без разлика дали станува збор за закани за поставени бомби или пак напади на државни институции станува збор за тероризам но ги прифаќа одлуките на Обвинителството кои поднесените кривични пријави ги квалификуваше во поблаго дело.

Според шефот на скопското обвинителство, не станува збор за минимизирање на заканите или релативизирање на потенцијалната безбедносна закана.

Со агресијата на Русија врз Украина нагло се зголеми бројот на регистрирани хибридни закани и напади како во Македонија така и во сите држави од регионот и имаа значително влијание врз политичките и безбедносните процеси во Западен Балкан е еден од заклучоците на денешниот состанок.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе