Вести Македонија Топ вести

Дигитализацијата на државата останува најголем предизвик за МИОА

Многу аномалии и незавршени работи во својот сектор констатирал новиот министер за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, по стапувањето на функцијата пред месец и половина, вклучително и во сопственото министерство кое треба да ја води реформата на јавната администрација, а каде одделот за човечки ресурси нема топчен податок за сопствените вработени кој какви квалификации има и што точно работи. Алиу денеска пред новинарите изложи дел од плановите и предзивиците за подобрување на состојбите кои се под надлежност на МИОА.

  • „Предизвик е дигитализација на јавната администрација. Кога зборуваме за дигитализација, докажано е дека со дигитализација на процесите ние ќе ги подобриме услугите за кон граѓаните. Исто така со дигитализација на процесите ние ќе ја намалиме ниската корупција“, вели Алиу.

На забелешката дека сите министри до сега цел им беше дигиталзиација на администрацијата, а тоа никако да се случи Алиу им порача на новинарите дека секој месец ќе држи брифинзи на кои тие ќе можат да следат како се менуваат работите.

Алиу е на став дека дигитализацијата може брзо да се спроведе само доколку се има добра волја за тоа, изнесувајќи податок дека Македонија е една од последните државите на Балканот по ниво на дигитализација, дури и зад Косово. Тој надминување на таквата состојба гледа во формирање на Агенција за дигитализација како чадор агенција за сите државни и јавни институции во тој процес. За подобрување на услугите за граѓаните МИОА планира заедно со АД Пошти да отвори 333 шалтери за Една точка за услуги, наместо постојните пет.

Она што наскоро на коното на МИОА ќе биде впишано како завршана работа ќе бидат законските измени на Законот за аудио-визуелни медиумски услуги.

  • „Тој закон да биде донесен до 31 мај. Во спротивно ако законот не е изгласан до 31 мај ние како држава нема да имаме пристап до фондовите од Креативна Европа“, информира Алиу.

Измените ќе предвидуваат намалување на процентот на финансирање на МРТВ од буџетот на државата под еден процент, регулирање на користење на мулмидијални содржини. Во меѓувреме се работи на нови измени на овој закон кои би биле изгласани на есен, а во план е и целосно нов Закон за АВМУ кои опфатат измени на членот 102, но и мека регулација на пораталите.

Во делот на јавната администрација Алиу информира дека е при крај изготвувањето на Стратегијата за реформа на јавната администрација без која земјава нема да може да го отвори првиот кластер од преговорите со ЕУ, а во која точно ќе бидат наведени роковите до кога треба да се донесат и имплементираат сите закони поврзани со овој процес. Меѓу нив е и Законот за висока раководна служба за кој веќе се пробиени сите рокови за неговото носење, како што неофицијално се дознава, поради немање доволно политичка волја.

За процентите по кој ќе се води балансерот за правичната застапеност, за кој претходниот министер Адмирим Алити ги броеше и нерезидентните македонски граѓани според пописот, Алиу нејасно одговора дека ќе се води според законот, бидејќи во законот нема прецизно дефинирано кој процент се зема предвид.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе