Вести Македонија Топ вести

Нов сум на функцијата – директорот на тетовската болница се правда за немање на дисциплинска комисија

Тетовската Клиничка болница ќе воведува поголем ред во однесувањето на вработените, за да не се повтори скандалот со анестезиологот кој ја повреди приватноста на пациентите, емитувајќи видео на ТикТок. Иако постојат непотврдени информации дека лекарот и претходно несовесно се однесувал, за него не се водела никаква постапка, затоа што немало Дисциплинска комисија, потврди и новиот директор Плумб Вела.

„Разговори, муабети, можеби имало, но официјално нешто не. Во неговото досие стои дека бил болен од туберкулоза и бил на лекување 1 година. Нешто друго, за употреба на наркотични средства, немаме такво досие. Ќе формираме дисциплинска комисија, во која, според законот, членови ќе бидат член од Синдикатот, лекари од Хируршкиот, од Интернистичкиот блок, правник“, изјава Плумб Вела, директор на ЈЗУ Клиничка болница Тетово.

Она што всушност е непишано правило, дека медицинските лица не треба да даваат приватни информации на пациентите, ниту да објавуваат фотографии и видеа без дозвола, сега установата го сублимира во Правилник.

„Да не се повторат вакви случаи, како што беше минатата недела, да се заштити приватноста на пациентите, истовремено со тој Правилник да се заштити угледот на болницата и на самите лекари“, додава Вела. 

И јавноста и лекарската фела го осуди случајот во кој лекар во живо на ТикТок емитуваше снимка од персонал и пациенти на кои им се дава помош на гинеколошкото одделение. За него се води постапка пред Комората за времено одземање на лиценцата за работа.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе