Вести Македонија Топ вести

Реакции од Битола – Владиката Петар, пристрасно и еднострано, го обвини феминизмот за големиот број на разводи

Пристрасно и еднострано, Владиката Петар го обвини феминизмот за големиот број на разводи, а со огромен цинизам, како еманципирана, ја претстави разведената жена и самохрана мајка, вели адвокатката од Битола, Катерина Котеска Стисниовска, која е специјалист по семејно право и додава дека во секој брак и во секој развод има две страни.

„Треба причината да се бара во двете страни. Не постои еднострано настанување на овој проблем, ниту во нивно решавање. Голготата на самохраните мајки е секојдневна, не затоа што тие сакаат да бидат еманципирани,  самохрани и слободни жени. Во голем број случаи се оставени сами на себе да си ја водат битката за егзистенција за децата“, вели м-р Катерина Котеска Стисниовска, адвокатка.

Котеска вели дека наместо да се напаѓаат и стигматизираат разведените жени, потребно е во општеството да се отвори дебата за нивните суштински проблеми. Таа му порача  на Владиката следниот пат да не заборава да ги укори мажите кои го напуштаат семејството и не плаќаат алиментација.

„Голем број мажи заминуваат на работа во странство со бугарски пасоши, не може од нив да се наплатат побарувањата и мајките се оставени без било каква помош за децата. Многу често се на работ на егзистенција“, додава Катерина Котеска Стисниовска.

На Велигденското послание на Владиката Петар реагираше и министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, која му порача дека не е време за инквизиција, а жената не бара повеќе, туку исти права и можности како мажите.

„Ама Владико, тоа ти со твоите ретроградни ставови, со понижувањата и омаловажувањата кон жената не можеш да го разбереш. Богохулие е отровот што го пушташ и со кој навредуваш и понижуваш 51% од популацијата. Не си ги разбрал поимите, но и времето во кое живееме“, напиша Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика.

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници, Дарјан Сотировски, пак, вели дека во демократски амбиент нормално е да се очекува вкрстување на мислења, ставови и цели.

„Црквата со своето учење има право слободно да поучува и јавно да го искажува своето мислење. Замолкнувањето на било кој, е укинување на демократијата за сите. Исто како што ставањето во грешен контекст на нечија изјава или нечие залагање за човекови права може да доведе и до манипулирана перцепција од јавноста“, вели Дарјан Сотировски, директор на Комисијата за верски заедници.

Велигденско послание на Владиката Петар, во кое тој го нападна феминизмот, а родовата еднаквост рече дека е изопачена, отровна и богохулна, предизвика бура реакции и осуди во јавноста. Синодот на МПЦ не расправал за изјавата на Митрополитот Преспанско пелагониски.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе