Вести Македонија Топ вести

Уставниот суд ќе одлучува по предметот за ДУП-от со бензинската на „Пуцко-петрол“ – ќе се отвори ли нова врата за милионска отштета од џебот на Карпошани

Уставниот суд на денешната седница се очекува да донесе конечна одлука за предметот во кој е оспорен Деталниот урбанистички план со бензинската пумпа на „Пуцко-петрол“ во Општина Карпош.

Во иницијативата е наведено дека оспорениот Детален урбанистички план ги руши темелните вредности врз кои е заснован уставниот поредок и дека донесената Одлука мора да биде во согласност со ГУП на Град Скопје, бидејќи просторот од градска четврт кадешто е предвидено да се гради бензинска пумпа е планиран за зеленило и изградба на објекти со класа на намена А и Б, а тоа се објекти за домување и делумно комерцијални објекти, но не и објекти со класа на намена Е-инфраструктура во која влегуваат бензински пумпи. Се наведува дека не постојат услови за комунална супструктура за намена на објекти како бензинска пумпа и секоја таква градба би ја загрозило инфраструктурата и може лошо да влијае на здравјето на луѓето и на животната средина.

Плацот со години стои негибнат, општината Карпош во два наврати донесе Детален урбанистички план со кој предвидува бензинска пумпа,а инвеститорот Пуцко Петрол го купи државното земјиште и со години не гради и се обидува преку судски пат да извлече милиони евра од општинскиот буџет.

Во целата правно-урбанистичка драма со скапа цена се вклучи Уставниот суд. Едногласно одлучија да ја прифатат иницијатива за разгледување дали ДУП-от е уставен или не.

Одлуката отвора и можност инвеститорот Пуцко Петрол да поведе нова постапка доколку планот биде поништен и како и пред неколку години да бара отштета од десетици милиони евра за изгубена добивка од бенизнска пумпа која не ја ни почнал.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе