Вести Македонија Топ вести

Продолжува судскиот процес за клиниката Жан Митрев

За денеска е најавено продолжување на судскиот процес кој се води за кардиохирургот Жан Митрев и неговата клиника откако претходното рочиште беше одложено со барање на одбраната за докомплетирање на правниот тим кој го застапува обвинетиот.

Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе обвинителен акт против доктор Жан Митрев, како физичко лице и Обвинителен предлог против неговата болница, како правно лице, за продолжено кривично дело „измама“ по допрен глас… Претходно на барање на обвинителството времено беа замрзнати дел од средствата на клиниката, а од кривичниот суд објаснија дека станува збор за неправосилно решение со кое се определуваат мерки-забрана за отуѓување на недвижен имот и им е наложено на банките да не дозволат исплата на определени парични износи.

На доктор Митрев на товар му се става обвинение дека со умисла довел во заблуда пациенти болни од КОВИД 19 дека хемофилтрацијата го лекува вирусот, а целта според обвинителството била да заработи пари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе