Вести Македонија Топ вести

Работна група за уставни измени без ВМРО-ДПМНЕ

Наредната недела, Владата ќе го состави тимот за уставни измени. Додека јавноста лицитира со имињата на членовите – експерти за уставно право, Министерството за правда побара: парламентарните партии, претседателот, Секретаријатот за европски прашања, МНР и експертите за уставни прашања да номинираат претставници најдоцна до 10-ти април.

„Потребно е политичко обединување во интерес на исполнувањето на нашата обврска произлезена од Преговарачката рамка“, велат од „Правда“.

Работни групи не се формираат сега туку во втората фаза, откако Собранието со дво-третинско мнозинство ќе поддржи потреба од уставни измени, објаснува ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски бара власта да се изјасни дали е за хрватскиот модел, според кој „Република Македонија  се дефинира како држава на македонскиот народ и на малцинствата…“ Овој предлог нема да го достави до работната група за уставни измени, но подготвен е да го образложи на лидерска средба во било каков формат, независно дали ќе ја организира претседателот или премиерот.

Алијанса повикува да не се споредуваме со Хрватска, во која 90 одсто од населението се Хрвати, туку со други земји кои имаат слична структура со Македонија.

Алтернатива изнесе два предлога: „Северна Македонија да се дефинира како држава на македонската нација, на албанската нација и на другите етнички заедници“, или како „држава на нејзините граѓани“.

Пораката на СДСМ е сите предлози и идеи да се разгледуваат во рамки на работната група. Повикува на инклузивен и транспарентен процес за промена на Уставот, со што ќе продолжи европскиот пат на државата.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе