Вести Македонија

Министерството за правда се изјаснува утре – дали бугарските клубови со спорни имиња и содржини во програмите ќе бидат избришани од Централен регистар

Министерството за правда најдоцна до утре треба да донесе одлука кои невладини организации ќе бидат избришани од Централниот регистар, затоа што во законскиот рок не извршија промена, односно не ги усогласија името, програмата и целите со измените во Законот за здруженија и фондации. Одлуката за неусогласеност се носи по претходно добиено негативно мислење од петчлената Комисија која ја формира министерот за правда.

Бугарските клубови „Цар Борис Трети“ и „Иван Михајлов“ имаа рок до 16 февруари да поднесат барања за усогласување со измените во законот, според кои во својот назив не можат да користат имиња на личности што  се поврзуваат со верска, национална, етничка нетрпеливост, омраза, геноцид, поддршка на нацизам и фашизам, а вакви елементи не смее да има ниту во целите и дејностите на здруженијата.

Барање за промена на името, но не комплетно, достави само бугарското здружение цар „Борис Трети“ од Охрид, а од клубот „Иван Михајлов“ од Битола се изјаснија дека нема да го менуваат името на здружението, ниту пак поднесоа барање. Од Централен регистар го известија здружението во Охрид да ја комплетира документацијата за што доби дополнителни 30 дена.

Од измените во законот кои стапија на сила на 16 ноември, министерот за правда има рок од 4 месеци да ја донесе одлуката за бришење на здруженијата кои не направија измени, а тој рок истекува на утре на 16 март.

Комисијата, која треба да заседава денеска, имаше задача да ги разгледа имињата, целите и програмата на над 16.000 здруженија, список кој до Правда го испрати Централен регистaр минатиот месец, да даде мислење за имињата, програмата и целите кои не се во согласност со измените на законот, а конечната одлука за бришење од Централен регистар ја има министерот за правда.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Силјановска: По политичкиот земјотрес на 24 април, очекувам политички вулкан на 8 мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе