Вести Македонија Топ вести

Уште не започната со работа, Комисијата за имиња остана без два од петте члена

Уште незаживеaна Комисијата за употреба на имиња остана без два члена и без можност да работи. Комисијата која треба да даде мислење кое име е содветно, а кое не за здруженијата и фондациите кое се регистрирани или ќе се регистрираат во земјава, во моментов има само три члена откако од неа се повлекоа два члена.

Сепак тоа што Комисијата останала со само три члена – академикот историчар Драги Ѓоргиев, Билјана Ристовска Јосифовска од Институтот за национална историја и Аркин Јахији од министерство за правда, не ги запира роковите до кога Комисијата треба да донесе мислење за името на клубот „Иван Михајлов“ во Битола. Рокот е 15 март, по што  министерот за правда мора да го почитува мислењето на Комисијата и веднаш да го потпише решението, кое доколку е негативно ќе резултира со бришење на клубот „Иван Михајлов“ од Централниот регистер.

Според информациите на Телма до денес од МАНУ се уште немаат доставено имe до Владата коe би ги заменило академикот, Живко Попов, додека од Министерството за култура веќе е доставено име кое ќе го земени нивниот досегашен член во Комисијата, Антонио Павловски. Како што дознава Телма, Попов кој е уролог од Комисијата се повлекол поради тоа што не се чуствувал компетентен да решева за историски имиња, додека повлекувањето на Павловски уследило поради промена на неговото работно место.

И додека се чека пополнување на Комисијата за имиња со два члена за да донесе мислење спорното име на клубот „Иван Михајлов“, чиј претседател Љупчо Георгиевски најави дека Клубот нема да ги почитува измените на Законот за здруженија и фондации за усогласување на своито име и програми и пререгистрирање, од клубот „Цар Борис Трети“ од Охрид со несоодветен поднесок до Централен регистер си купиле време Комисијата да решава и за нивното име.

Од клубот „Цар Борис Трети“ до Централен регистер не поднеле пријава за пререгистрација со промена на името и програмата туку поднеле барање за усогласување на работата на Клубот, на што од Централен регистер им било одговорено да поднесат соодветен поднесок согласно законот.

На Допис – барањето од подносителот, Централениот регистар до подносителот на Дописот, достави Известување за поднесување на пријава и прилози за соодветната промена согласно Законот за здруженија и фондации, се наведува во дописот од Централен регистер до Клубот „Цар Борис Трети“.

Со ваков несоодветен поднесок до Централен регистер бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ си „купиле“ еден месец до кога според законот треба да поднесе соодветна пријава за промена на името, по што и за нивното име ќе решава Комисијата за имиња.

Инаку Централен регистер до министерството за правда го поднела целиот список на здруженија и фондации во земјава, во кои, како што и досега објавуваше Телма има и други несоодветни имиња освне имињата на неколку бугарски клубови.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе