Вести Македонија Топ вести

Спикерот Џафери во одбрана на своето „дете“ иден обвинител

Собранискиот спикер не гледа проблем во тоа што син му е на чекор да стане обвинител и покрај аферата во која Антикорупциската комисија откри дека предвреме полагал правосуден испит. Барлет Џафери е најспорното име на списокот на лица кои ја завршиле Академијата за судии и јавни обвинители, на кој може да се најдат и имиња на блиски роднини на функционери, актуелни и поранешни обвинители и судии, најмногу поради тоа што успеа да влезе во академијата без да ги исполни условите, а сега ќе биде во позиција и самиот да истражува криминал.

Истрагата на антикорупционерите за случајот со синот на Џафери беше проширена, но не доби епилог, што за неговиот татко е доказ нека тука нема ништо спорно.

За опозициската ВМРО-ДПМНЕ ова е преседан од невиден размер и ги повикаа сите надлежни институции да реагираат.

На списокот за јавни обвинители и судии се најдоа и сопруги и снаи на политичари и судии. Меѓу нив е и сопругата на шефот на обвинителството за организиран криминал, Ислам Абази, снаата на генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова, сопругата на градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, ќерката на пензионираната обвинителка Гордана Смаќоска. Иден судија ќе биде и синот на заменичката на Катица Јанева, обвинителката Елизабета Јосифовска. Синот на судијата од скопска Апелација, Енвер Беџети, пак, ќе биде јавен обвинител.

Далиборка Демјанска Цветановски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе