Вести Македонија Топ вести

Интрахоспитална инфекција во прилепската болница – стафилокока ги затвори операционите сали

Потврдена е интрахоспитална инфекција во прилепската болница, поради која минатата недела се затворени сите операциони сали, откако 52-годишна пациентка почина од сепса. Станува збор за бактеријата Staphylococcus epidermidis, која е изолирана од земен примерок од Центарот за јавно здрвје во Прилеп, соопштија за Телма од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ).

Ова е констатирано по вонредниот инспекциски надзор на Државниот здравствен и санитарен инспекторат направен на 17 февруари.

„Од Центар за јавно здравје Прилеп е извршен епидемиолошки увид по појава на случај на пациентка кај која е извршена интервенција на одделот за гинекологија по што се јавиле симптоми на сепса. Земени се примероци од нежива средина и од здравствен персонал, извршени се вонредни здравствено-хигиенски прегледи, по што е препорачано затворање на операционите сали. Од земениот примерок за хемокултура добиен е позитивен изолат на Staphylococcus epidermidis. Пријавена е интрахоспитална инфекција“, информираат од ДСЗИ. 

Дали истата бактерија е причина за смртта кај 52-годишната пациентка кај која беше изврешна гинеколошка интервенција во прилепската болница, сè уште не е потврдено. Нејзиното тело е предадено на обдукција во Институтот за патологија и се чека наодот. Додека се затворени салите во Гинеколошкото, Хируршкото и Ортопедското одделение, итните интервенции се вршат во битолската болница.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе