Вести Македонија Топ вести

Трета недела без инсулин, пациентите меѓусебно си позајмуваат терапија – од здравство им порачаа: имате замена за лекот

Трета недела во болничките аптеки во земјава нема два типа инсулини. Нема ниту ленти, со кои пациентите ја следат состојбата на шеќерот во крвта. Засегнати се многумина, реагираат од здруженијата на дијабетичари.

Душко Игневски, претседател на тетовското здружение, вели дека проблемот не е нов, дека речиси секој месец има доцнење, но во тековниот месец февруари тој лично воопшто нема земено терапија.

Јас како што добивам секој месец на 6-ти, два пати сум бил немаат добиено, дури и немаат ни најава дека ќе добиеме. Секој со секого, којшто има инсулин позајмуваме по едно пенкало по две, се помагаме, но не е тоа доволно. Ќе му позајмиш пенкало едно две, а после треба тој да ја земе редовната терапија што треба да ја има секој месец, а за жал ја немаме. Во однос на другите години, годинава мислам е најтешка до сега, вели Игневски.

Од Сојузот на здруженија на дијабетичари бараат надлежните да ги променат бирократските процедури, за навреме да го добиваат пенкалото кое за нив живот значи.

Ние трета недела апелираме, бараме и инсистираме по итно Министерството за здравство и Владата веќе, да ги надминат бирократските процедури и да се дистрибуира количината која што треба до секој пациент. Не само инсулини, туку и лентите коишто се исто важни за лицата со дијабетес да квалитетно да менаџираат со гликемиите односно да бидат работоспособни, потенцира Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари.

Од Министерството за здравство, пак, тврдат дека пациентите на инсулинска терапија се соодветно покриени.

Станува збор за само еден тип инсулин од кој неодамна се потрошени количините, но за истиот инсулин има аналог на таа генерика, така што пациентите на инсулинска терапија се соодветно покриени со аналогот. Сите други типови инсулин се на располагање во доволни количини во инсулинските аптеки. Исто така, веќе е распишан јавниот повик за обезбедување нови количини инсулинска терапија, соопштуваат од министерството за здравство. 

Според последните податоци во земјава има 44 500 лица на инсулинска терапија. 600 се деца до 18 години.

Данијела Билбилоска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе