Вести Свет Топ вести

Тинејџер по, речиси, 200 часа под урнатнини, конечно, виде дневна светлина

По повеќе од една недела, 18-годишниот Мухамед Чафер Четин, конечно, виде сончева светлина. Мина, речиси, 200 часа под урнатините во Адијаман по разорниот земјотрес во минатиот понеделник, пред да биде извлечен со овации од спасувачките екипи.

„Еден, два, три. Повлечете! Повлечете! Уште еднаш. Тука е, ајде. Полека, полека, полека. Чафер, не плаши се, добро си. Ајде момци, подготвени ли сме? Еден, два, три. Подготвени! Полека. Донеси носилка, носилка! – Што ти кажав? Излегуваш одовде“, му вели еден од спасувачите на Четин.

Спасувачките екипи макотрпно работат на откривање и извлекување на луѓе под урнатините, иако времето сè помалку е нивни сојузник. Но, нема откажување за нив, а копањето со механизацијата и голи раце ќе трае се додека постои и последна трошка надеж за спас на човечки живот.

Бројот на загинати од земјотресите со јачина од 7,8, односно 7,5 степени според Рихтеровата скала што минатиот понеделник погоди неколку провинции во јужниот дел на Турција и на северозападот на Сирија ја надмина бројката од 35.000, но надлежните институции во двете земји стравуваат дека црниот биланс ќе биде поголем.

Неисправните градби и незапазувањето на градежните стандарди, според голем број на луѓе во Турција, се причина за разорното уништување и големиот број на загинати, додека властите продолжуваат да ги таргетираат изведувачите кои се поврзуваат со спорните градби. Турција воведе правила за градба кои ги исполнуваат стандардите за земјотресно инженерство, но експертите велат дека кодексите ретко се спроведуваат.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе