Вести Свет

Најголемиот земјотрес во последните 24 години, објави Институтот за истражување на земјотреси во Турција, почувствувани 35 потреси

Турција не престанува да се тресе, по главниот, забележани се десетици земјотреси посилни од 4,5
Во својот извештај на турски јазик, Би-Би-Си го цитира д-р Халук Озенер, директор на опсерваторијата Кандили и Институтот за истражување на земјотреси.

  • Имаме работа со најголемиот земјотрес што сме го виделе во последните 24 години во овој регион. Досега се случиле 100 последователни потреси. Околу 53 од нив се над 4 по Рихтеровата скала. Седум од нив станаа над 5. Можеме да кажеме дека овие земјотреси ќе продолжат и во наредните денови, рече Озенер.

Според податоците на EMSC, 35 земјотреси со магнитуда од 4,5 и повеќе се регистрирани во југоисточна Турција, а 13 од нив со јачина од 5,0 и повеќе. Официјалниот број на загинати, според последните информации, низ Турција и Сирија сега изнесува повеќе од 670, а илјадници се повредени. Во тек е голема спасувачка операција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Силјановска: Доаѓа времето на жените, време е за машка еманципација

Дејан Дејан

Еден затвореник полесно повреден во инцидент меѓу две групи во затворот во Шуто Оризари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе