Вести Македонија Топ вести

Од Битола до Жабени со воз за девет минути – по 8 години обновена пругата долга 17 километри

Наместо до Грција, како што се најавуваше со години, возот по обновената пруга до грчка граница ќе патува само од Битола до  Жабени каде е и индустриската зона. Засега пропаднаа сите надежи на битолчани и жителите од Пелагонискиот регион, дека со евтин железнички превоз ќе одат до Лерин, Воден или Солун.

  • Тешко веројатно дека ќе се оди со воз до Грција, затоа што имам некоја информација дека Грците ги укинаа линии од Лерин до Воден и Солун, вели битолчанец
  • Каков Лерин, тоа е мислена именка. Лерин е колку до Париз за овие, вели друг битолчанец

Од МЖ транспорт велат  не зависи од нив дали наскоро може да  се очекува  железничко поврзување на Битола со Грција, затоа што  тоа е меѓудржавен договор. Но соопштија дека патничкиот воз кој тргнува од Скопје во 7  наутро, последна станица наместо Битола, ќе му биде Жабени, а потоа  се враќа во Скопје. Први патници денеска на 10 минутното возење од Битола до жабени  беа пензионирани  вработени во Македонски железници

  • Сакавме да направиме сефте со првиот воз за Жабени, да видиме ккао е изгрдаена пругата, вели патник
  • Не знам дали ќе има некоја полза од  возот за Жабени, вели битолчанка

Ако пред два века пругата Битола – Лерин – Солун во должина од 200 километри беше изградена за 3 години, а  оваа делница од само 17 километри до грчка граница почна да се обновува  8 години. Градбата ја следеа застои и проблеми со изведувачите, се сменија  две влади и неколку министери за транспорт и врски. Изградбата чини 17 милиони евра, обезбедени дел од европските фондови, а дел од државниот буџет. Но, наместо меѓународно поврзување, возот оди само до Жабени.

 

Емилија Мисирлиевски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе