Вести Македонија Топ вести

20 години затвор за Суад Бајрам кој го уби своето тримесечно бебе

По 4 месеци во притвор денеска изречена казна затвор од 20 години за Суад Бајрам кој со клоци и тупаници го уби своето тримесечно бебе. Бил мирен во судница но негодувал во судскиот ходник.  Бајрам очекувал помала казна затоа што како олеснителна околност посочил дека мора да се грижи за неговите 3 малолетни деца. За кривичното дело „убиство при вршење на семејно насилство“ е предвидено најмалку 10 години, а најмногу доживотен затвор.

Денеска беше објавена пресуда врз основа на признание на вина. Обвинетиот С. Б. беше осуден на 20 години казна затвор.

На 26-ти септември, доцна по полноќ, наместо да спие, тримесечното бебе станало жртва на својот татко. Чедоморството се случило пред очите на целото семејство, а трагедијата која почнала со семејна расправија завршила со убиство на бебето.

„Ноќта меѓу 25 и 26 септември, додека осомничениот бил во домот со четири малолетни деца, меѓу кои и тримесечниот син, започнал да го удира детето со раце и нозе по главата и телото. На тој начин му нанел повеќе повреди кои предизвикале крварење во черепната празнина, како резултат на кои тримесечното бебе починало“.

По малтретирањето тримесечното бебе починало. Бајрам физички ја нападнал и неговата сопруга а по грозоморното чедоубиство веднаш е уапсен. Претходно бил осуден за уште едно убиство извршено во 2004 година кога бил осуден и одлежал 13 години затвор.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе