Вести Свет Топ вести

Нов смртоносен напад во САД: влегол во дуќан, убил три лица и избегал

Три лица се убиени во пукање во продавница во градот Јакима во централниот дел на американската сојузна држава Вашингтон.

Осомничениот успеал да избега од местото и се дал во бегство но надлежните го лоцирале откако од непозната жена зел телефон и и се јавил на неговата мајка и и признал што направил и каде се наоѓа.

Потоа жената успеала да му го одземе телефонот и да се јави во полиција да го пријави случајот. Во моментот кога полициските службеници се приближиле до куќата каде што се криел тој пукал и се самоубил.

Јакима е град со околу 97.000 жители во долината Јамика во сојузната држава Вашингтон, земјоделски регион познат по јаболката и виното. САД оваа недела ги тресат трагични вести за последователни масовни пукања во Калифорнија, во кои досега загинаа 18 лица.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе