Вести Свет Топ вести

Маж бодел луѓе со нож во воз во Германија, медиумите јавуваат и за убиени

Напад со нож во патнички воз во Германија што сообраќал на релацијата Кил – Хамбург. Како што објавија германските медиуми, непознат маж почнал да напаѓа патници, пришто се убиени повеќе луѓе.

Според првичните сознанија, повредени се седум лица, изјави портпаролот на федералната полиција, јавува „Шпигел“.

Двајца луѓе, според ТВ НДР, се наводно убиени при нападот. Напаѓачот бил уапсен на станицата Брокстед, а железничкиот сообраќај ќе биде затворен додека трае полицискиот увид.

Моментно нема информации за напаѓачот, ниту за мотивите на нападот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе