Вести Свет Топ вести

Три корупциски пресуди преточени во една казна: Санадер доби 18,8 години затвор

Вонсудскиот совет на Жупанискиот суд во Загреб одлучи поранешниот премиер и претседател на ХДЗ, Иво Санадер да мине во затвор вкупно 18 години и осум месеци. Агенцијата Хина од извори во судот дозна дека одлуката за вкупната казна била донесена на крајот на декември, а деновиве била испратена до Санадер и неговите адвокати.

Адвокатот на поранешниот хрватски премиер, Чедо Продановиќ, како апсолутно неоснована ја оцени одлуката на вонсудскиот совет, со кој се определи единствена казна за трите досега правосилни пресуди и притоа најави жалба.

Одбраната смета дека за сите пресуди, со оглед на тоа што се слични кривични дела, Санадер не може да добие здружена казна затвор над 15 години.

Поранешниот премиер досега во притвор или поради пресудите зад решетки има минато околу седум и пол години. Предвремено ослободување од затвор во хрватскиот затворски систем може да се бара по отслужување на половина од казната, а тоа обично се доделува по издржување на две третини од неа.

Санадер, по неколкуте притвори и ослободувања, континуирано е во затвор од април 2019 година, кога Врховниот суд му ја зголеми казната за корупција во случајот „Планинска“ на шест години затвор. Во тој случај, поранешниот сопственик на месната индустрија и пратеник на ХДЗ, Стјепан Фиолиќ, призна дека на поранешниот премиер му донел десет милиони куни и еден милион евра провизија откако купил деловна зграда од државата под нејзината пазарна цена.

Во октомври 2021 година, највисокиот суд делумно ја потврди пресудата од повторената постапка за случајот Фими медиа, според која ХДЗ мора да плати казна од 3,5 милиона куни за извлекување пари од државни институции и фирми, додека за Санадер, заедно со враќањето на противправната корист,  казната од осум му се намали на седум години затвор

На крајот на октомври 2021 година, Врховниот суд ја потврди првостепената пресуда со која Санадер беше осуден на шест години затвор за примање поткуп од шефот на унгарската МОЛ, Золт Хернади, додека недостапниот Хернади беше осуден на две години затвор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе