Вести Свет Топ вести

Европскиот парламент повика на формирање специјален трибунал за Украина

Европскиот парламент повика на формирање на Трибунал за настаните во Украина, во резолуцијата што беше усвоена на денешната седница во Стразбур.

Документот, во кој се бара формирање на трибунал за, како што го нарекоа пратениците „злосторство агресија врз Украина“, го поддржаа 472 пратеници, 19 беа против, а 33 воздржани, пренесува ТАСС.

Резолуциите на Европскиот парламент не се правно обврзувачки, но нашироко се користат од страна на ЕУ во медиумите и политиката за промовирање конкретни позиции. Киев и неговите сојузници редовно бараат формирање на специјален трибунал за Украина. Русија ја смета таквата идеја „апсурдна“.

Девет држави и испраќаат на Украина воена помош во тенкови и тешка артилерија

Група од девет земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Полска и Холандија, ветија дека ќе продолжат да обезбедуваат уште поголема воена помош за Украина, вклучително и најмоќните борбени тенкови.

Помошта ќе опфати десетици системи за противвоздушна одбрана Стингер, противвоздушни топови, С-60, митралези, како и обука на украински војници, пренесува Ројтерс… Британскиот министер за одбрана Бен Валас претходно најави дека Велика Британија планира да испрати 600 ракети Бримстон во Украина за да ја поддржи таа земја во нејзината борба против Русија.

Одлуката е донесена пред клучниот состанок на кој ќе се официјализира одлуката за испраќање оружје во Киев, закажан да се одржи во базата Рамштајн во Германија.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе