Вести Македонија

Конгрес на АА, Арбен Таравари единствен кандидат за претседател

Алијансата за Албанците денеска во Центарот за култура во Тетово одржува вонреден Конгрес, на кој треба да биде избран нов претседател на партијата, функција за која единстцвен кандидат е досегашниот потпретседател и вршител на должноста партиски претседател, Арбен Таравари.

Како што информираат од Алијансата за Албанците, третиот конгрес ќе се одржи во два дела: свечен со учество на гости и отворен за медиуми, и работниот дел, што ќе биде затворен и само за делегати.

На 21 август 2022 поради неповолните резултати од вонредните избори за Совет на Општина Тетово дотогашниот претседател на АА, Зијадин Села поднесе неотповиклива оставка на функцијата партиски лидер.

Алијанса за Албанците почна да се формира од 2015 година кога Зијадин Села како член на ДПА го иницираше Движењето за реформи во ДПА. Потоа се формираше и партијата под името Алијанса за Албанците. На 27 март 2022 на вториот конгрес Села беше реизбран за претседател.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Силјановска: По политичкиот земјотрес на 24 април, очекувам политички вулкан на 8 мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе