Вести Македонија Топ вести

Основачот на бугарскиот клуб во Битола, на распит пред обвинителите

„Денеска е свети Климент Охридски, нашиот ценет бугарски првоапостол“. „На 29 ноевмри (денот на раѓањето на мртво роденото дете со име Југославија) Комисијата за дискриминација прави обид за цензура на ликот, делото и идеологоијата на Иван Михајлов“… „Во врска со агресивната провокација извршена од скопскиот режим…“ За овие и слични објави на фејсбук страницата, како и бројни фотографии, документи и коментари со кои се велича делото на Ванчо Михајлов, основачот на бугарскиот клуб во Битола денеска беше распрашуван од обвинителите. Пријавите за ширење на расизам и ксенофобија му ги поднесоа Комисијата за  дискриминација и партијата Левица. Но, за него овие објави не се провокација.

Обвинение се уште не е поднесено, иако бугарските медиуми деновиве шпекулираа со тоа. Обвинителството соопшти дека, постапката е во тек и се преземаат дејствија за проверка на сите околности. Тие вклучуваат и распит на повеќе лица, вклучително и на пријавениот.

Комисијата за заштита од дискриминација утврди и дека клубот „Ванчо Михајлов“ ги дискриминира и вознемирува борците на НОБ, македонскиот народ и етничките заедници. Претседателот и членовите имаа 45 дена да ги отстранат сите спорни материјали во името, статутот и програмата кои предизвикуваат вознемирување и да ги избришат сите фејсбук статуси во кои го промивираат ликот и делото на Иван Михајлов во рок од 30 дена, но иако роковите поминаа уште во ноември, тоа уште не е сторено.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе