Вести Македонија Топ вести

Собраниската Комисија за случајот Онишченко заврши експресно, АНБ не испратила претставник

Во Собранието попладнево експресно заврши затворената седница на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање, посветена на случајот со доделувањето на македонско државјанство на украинскиот бизнисмен Олександр Онишченко.

Досегашниот директор на АНБ, Виктор Димовски не беше присутен на седницата, иако требаше да сведочи за улогата на Агенцијата во безбедносната проверка на Онишченко при давањето на позитивно мислење за добивање македонско државјанство.

На седницата беа присутни сите членови на комисијата и од власта и од опозицијата.

  • Претседателот на комисијата Љупчо Пренџов изјави дека ова однесување е неодговорно, имајќи предвид дека граѓаните плаќаат за нивните плати и логистика. Собранието не успева да направи надзор, што е нивна уставна обврска. За краток период повторно ќе свика седница, со цел случајот Онишченко да добие епилог. Собранието ја бара вистината, им требаат одговори и од стариот и од новиот директор. За заминувањето на Димовски за амбасадор потсети дека Милошовски најави дека ќе ја чека разврската на комисијата за надзор, па ќе ја закаже комисијата за надворешна политика.

Првото продолжение на седницата, кое исто така беше затворено за јавноста, беше прекинато бидејќи имаше информации дека на Јутјуб се слуша тоа што го зборувал Димовски. Собранискиот спикер Талат Џафери тогаш го информираше МВР и беше спроведена истрага за случајот.

Денешното продолжение, претседателот на собраниската Комисија, Љупчо Пренџов го закажа откако јавноста беше информирана дека пристигнал извештајот од МВР за истрагата.

Владата вчера за нов директор на Агенцијата за национална безбедност го именуван Зарко Милошевски, кој досега беше помошник директор на Одделот за безбедносни проверки и НАТО регистар во АНБ.

Ковачевски: Кога ќе заврши истрагата ќе го коментираме случајот „Онишченко“

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од утре стартува гласањето за двојните избори, ќе гласаат болните, немоќните и затворениците

Дејан Дејан

 МНТ со праизведба на  „ Хенгинг Араунд“, а Драмски театар со премиера на „ Хеда Габлер“

Дејан Дејан

Димитриевски: Во Влада да, но без ДУИ и со јасни црвени линии за заштита на идентитетот и државните интереси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе