Вести Македонија Најважни

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Основниот суд во Урошевац денеска соопшти дека му изрекол мерка притвор во траење од 40 дена на македонски државјанин, кој е уапсен од косовската полиција на 3 мај, врз основа на меѓународна потерница, издадена на барање на Северна Македонија.

Според соопштението на судот во Урошевац, против лицето, идентификувано со иницијалите Б.К., е покрената потерница од Интерпол, поради сомневање дека е сторител на кривични дела „подготовка на терористички дела и разбојништво“.

  • Против обвинетиот е распишана меѓународна потерница од Интерпол, со барања од 2 април 2005 година и 9 мај 2008 година од државата Северна Македонија. Обвинетиот Б.К. е осомничен дека ги сторил казнените дела во државата Северна Македонија и на 03.05.2024 година е приведен и уапсен од Единицата за брзи интервенции и Единицата за борба против наркотици во Урошевац, се вели во соопштението.

Во него се наведува дека странките се известени оти жалбата против ова решение не го одлага неговото извршување.

Агим Красниќи, Бесим Красниќи, Сехат Рамадани и Фадиљ Точи се уапсени во Урошевац. Македонското Министерство за внатрешни работи (МВР) добило известување од косовските колеги. Телма објави дека четворица македонски државјани, кои ги уапси косовската полиција, се браќата Красниќи и нивните соработници од кондовската група која пред, речиси, две децении беше страв и трепет во Скопско.

На веб страницата на македонското МВР, во делот за потраги, објавени се меѓународни потерници за сите четворица. Красниќи и Рамадани се во бегство од февруари во 2020 година, кога не се вратија во штипскиот затвор по слободен викенд, иако имаа да издржат уште околу три години од вкупно 15 години затвор. Бесим Красниќи, брат на Афим, пак, се бара за издржување на вкупно 28 и пол години затвор за серија на кривични дела, Фадиљ Точи треба да издржи 41 година и 7 месеци за 10 кривични длеа.

 

Агим Красниќи, брат му и уште двајца од кондовската група на меѓународна потерница – МВР доби известување од косовската полиција

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе